Овој обично морничавелемент во оваа книга служи како симбол за штедрост и изобилие. Тој, внесувајќи ја крвта во книгата, всушност несвесно (или не) практикува стари обреди во кои преку користење на еден силен симбол или магиска формула, се поттикнува некое дејство или резултат. Интересно е што Гарланд ја асоцира крвтта со штедроста, а не со смртта и грозморното.
Па така, книгата не само што е важна бидејќи е една од првите колаж-книги, туку и бидејќи го покажува односот на еден просечен христијански викторијанец кон крвта, можеби посочувајќи дека во денешно време луѓето се и поконзервативни и слепи кон амбиваленоста од што биле пред три века. Ништо чудно.
Гарланд не бил уметник. Барем нема такви докази. Она што се знае за неговата професија е дека се занимавал со рибарскиот бизнис и со политиката. Кога станува збор за стилот, не се знае ниту дали овој човек видел слични колажи на оние што ги создал. Викторијанците имале традиција на создавање албуми со исечоци од фотографии, но тие се далеку порудаментарни од „Крвавата книга“. Сепак, се претпоставува дека тој не измислил ништо, туку ја посведочил некаде техниката. Интересна позиција којашто оди спроти веќе застарените наративи за „генијот“ на една индивидуа, а поаѓа од моќта на колективната имагинација и меѓусебното поттикнување. Но, интересно е да се разгледа и другата опција – дека Гарланд, рибар и капиталист од викторијанската доба, бил вдахнат од непознати извори да користи техники што ќе се популаризираат дури во 20-иот век.