COLLAGETOBER

Октомври ќе биде малку различен од минатите месеци. На предлог на Ива, инспирирано од инктобer, го почнуваме „колажтомври”. Како функционира? Даваме по еден збор за секој ден од месецот, од А за 1ви до Ш за 31ви.

Секој ден правите колаж коишто ќе биде инспириран/поврзан со дадениот збор и го испраќате на мејл, а можете и да го постирате на Инста и да нѐ тагнете.

Имајќи предвид дека сме мала заедница, правилата не се строги и сме отворени за доцнење, но со усул. Ептен ако не стигнете.

Предизвикот е одлична можност да ги испитате границите на креативноста и колажот. Испратете ги делата на skopjecollagecollectivescc@gmail.com Рокот за првиот ден (буквата А) ќе трае два дена.