СКОПЈЕ
ХАРТИЕН БРОД
СО ЕДРА ОД СЛИКИ
ПЛОВИ ПО НЕБА
ОД СНИШТА
КОЛАЖ
КОЛЕКТИВ
СКОПЈЕ
ХАРТИЕН БРОД
СО ЕДРА ОД СЛИКИ
ПЛОВИ ПО НЕБА
ОД СНИШТА
КОЛАЖ
КОЛЕКТИВ
Големиот Задолжителен и Најсериозен Правилник на Скопје Колаж Колектив:
1. Бидете пристојни! (Во непристоен свет, за жал, мора и ова да се спомeне)
2. За да се направи колаж, не е задолжително да се следат правилата (кои правила? Ни ние не знаеме), но надвор од уметничкиот процес, морате да ги следите следните ограничувања:
2.а. Секој колаж постиран на нашата веб-страница или социјални мрежи е во сопственост на авторот/авторите!
2.б. Со користење на таговите @skopjecollagecollective и #skopjecollagecollective, како и преку испраќање на колажите на мејлот skopjecollagecollectivescc@gmail.com, авторот/авторите ни даваат право да ги објавиме нивните дела на нашата веб-страница и социјални мрежи.
2.в. Ниту едно друго лице (физичко, правно или какво и да е, може и сениште, а дефинитивно и оние лица што сè уште не се родени) не смее да ги презема и користи колажите од нашата веб-страница и социјални мрежи без согласност од авторот/авторите баш на тој/тие колаж/и што тоа хипотетичко правно или физичко или сенишно или неродено лице има амбиции да ги користи, за неговите чудни цели.
2.г. Одбивањето да се следат сите горенаведени правила нема да направи ништо освен да докаже дека сте масовни крадци на идеи и дела, и да ви овозможи да добиете членство во Друштвото на Масовни Крадци на Идеи и Дела чија бројка масовно се зголемува. Исто така, за казна, можеме да направиме колаж со вашиот лик (бидејќи сте лице, нели?) или да ве обезглавиме.
3. Сите графики, текстови, идеи, ситници, абе сè што спаѓа во рамките на Скопје Колаж Колектив е во сопственост на Скопје Колаж Колектив, освен ако не е. Е ај сеа ти види…
4. Овие правила, иако отскокнуваат стилски од правилата за пишување правила, според Големите Правилници за пишување правилници, сепак важат во суд. Освен Интергалактичкиот и Уметничкиот, важат и во судот во срцето на Балканот – Македонија.
5. Доколку внимателно ги прочитавте правилата: не, нема да можете да го оправдате вашето неследење на правилата со аргументот дека ги кршите овие правила додека сте биле внатре во уметничкиот процес. (А и доколку ги прочитавте невнимателно)
6. Да колажираме! (иако зборот „колажуваме“ поубаво звучи)