предизвик #11 | недела 11, 12, 13 | сезона 01
Eдинаесетти колаж-предизвик на Скопје колаж колектив!
Во прилог е фотографијата која треба да биде основа за вашиот колаж.
1. До фотографијата можете да стигнете преку хиперврската со кликање на линк до фотка или самата фотка и да ја преземете од изворната веб страна или можете да ја зачувате директно од нашиот сајт преку десен клик -> Open image in new tab -> Save image as .
2. Потоа, испечатете ја фотографијата за да ја искористите во аналоген колаж или вметнете ја во програма за дигитална фотоманипулација за да направите дигитален колаж.
3. Кога ќе завршите, постирајте го колажот на вашиот Инстаграм профил и искористете ги таговите @skopjecollagecollective и #skopjecollagecollective
4. Можете и да ни го испратите колажот на нашиот мејл skopjecollagecollectivescc@gmail.com
5. Сите колажи кои ќе ги добиеме преку Инстаграм, ќе добијат „лајк“. Доколку не добиете нотификација дека сме ви го лајкнале колажот, тогаш не сме го виделе. Во тој случај, слободно контактирајте нè во порака.
Среќно колажирање!