предизвик #08 | недела 08 | сезона 02
Осмими колаж предизвик од втората сезона на Скопје колаж колектив!
На 5. роденден на „Култура Бета“ беше најавено нивното прво печатено списание кое треба излезе наскоро во просторот насловен како „Тригер“! Во рамки на списанието ќе бидат објавени и неколку колажи на тема „Тригер“, а токму заради тоа следниот колажен предизвик е на таа тема.
На почетокот беше зборот! Затоа на овој предизвик го имаме зборот! Зборот ТРИГЕР – сфатен како вие сакате, сфатен буквално или симболички, игриво или статично, бумерски или џен-зи-овски Култура Бета приложија и три куси текстчиња, за инспирација за овој предизвик извлечени од воведот на првиот број.